РОКНА РЕЈТИНГОТ НА РЕЖИМОТ, ГОТОВО Е!!! Од ден на ден се топи предноста во анкетите за режимот, ДПМНЕ засега води со само 3,9 проценти но над 30 посто одбиле да кажат за кого ќе гласаат, што значи тие се наши!

0
1522

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 19,4%, покажуваат резултатите од втората анкета што ја нарачаа телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка. Истражувањето го спроведе агенцијата М-проспект.

Овој пат анкетата беше телефонска и  спроведена од 20 до 30 ноември на 1.800 испитаници.

За ДУИ би гласале 6,6 %, за ДПА- 3,3 %, Коалиција за промени и правда 0,9 %, ВМРО за Македонија 2,5 %, Алијанса за Албанците 1,9 %, Либерална партија 0,1 %, Левица 1,2 %, Беса – 2,7 %.

Неопределени и натаму се 15,1 % , одбиле да се изјаснат 17,6 % (вкупно 32,7 % сива маса), а 5,5 % не се изјасниле за ниту една партија.

И оваа анкета покажа дека голем е процентот на неопределените, а расположението кон ВМРО-ДПМНЕ, споредено со поддршката за целиот блок опозициски партии, е речиси нерешен 23 %. Кај албанскиот блок поголема е поддршката за опозицискиот блок (вкупно 7,9 %) од онаа за ДУИ – 6,6 %.

screenshot_13

По изборни единици гласањето би изгледало вака:

Изборна единица 1

21,9 отсто – ВМРО-ДПМНЕ коалиција За подобраакедонија

24,2 отсто – СДСМ коалиција За подобар живот

7,6 отсто – ДУИ

2,6 – ДПА

1,7% – Коалиција за промени и правда

3% – коалиција ВМРО за Македонија – 3

3% – Алијанса за Албанците 3 %

3,6 % – Левица

5 % – Беса

Либерална партија не се појавува во овој примерок.

А во т.н.сива зона остануваат 30,1 %, односно : 13,9 % не сакаат да кажат за кого ќе гласат / 16,2 не одлучиле , дополнително 5 % се изјасниле дека не поддржуваат ниту една партија

Изборна единица 2

ВМРО- ДПМНЕ – 19,3 %

СДСМ – 17,9 %

ДУИ- 8,1 %

ДПА – 4,1 %

Коалиција Алијанса за Албанците – 1,7%

Беса – 2,6 %

Нема да гласаат 22,3 % , 13,2 % – не одлучиле и 5,4 % нема да гласаат за ниту една партија.

Изборна единица 3

ВМРО-ДПМНЕ – 35,6 %

СДСМ – 26,1 %

Во оваа изборна единица неопределени се 9,9%, 14,9 % одбиле да се изјаснат и 5,3 % одговориле дека нема да гласаат за ниту една партија.

Изборна единица 4

ВМРО-ДПМНЕ – 28,3%

СДСМ – 26%

Коалицијата за промени и правда – 0,7%

Левица – 0,7 %

ВМРО за Македонија – 2,7 %

21 % одбиле да кажат за кого ќе гласаат, 15 % не одлучиле.

Изборна единица 5

ВМРО-ДМНЕ – 29,5%

СДСМ – 21,5%

ДУИ – 6,7 %

ДПА – 1.%

Алијанса на Албанците – 1,3 %

Беса – 1,3%

17.8 % во оваа изборна единица одбиле да кажат за кого ќе гласаат, а 12,4 се уште не одлучиле, 6 отсто не се изјасниле за ниту една партија.

Изборна единица 6

ДУИ – 18.9 %

ДПА- 10%

Беса-10%

Алијансата на Албанците – 4,3 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ – 8 %

СДСМ – 5,3%

Коалиција запромени и правда – 3%

Во шестката има најголем број неодлучни – 20,3 % , 16,9 % одбиле да кажат за кого ќе гласаат, 5 % за ниту една партија.