Родители до Жерновски: Дали ќе го толерирате самоволието на Груевски кое се насочи и кон нашите деца

0
1552

Кога зборам дека #Ж све си третира како приватен пашалук, ми викаат дека претерувам, дека во све гледам политика. Е сеа ми чепна у дете и задња да ми е, нема да сопрам.

Сабајлево во школо не пречекаа со „убава“ вест дека една од наставничките на Касија, прекрасен лик кој во себе ги отелотворува сите карактеристики на совршен даскал, жена која предадено ги образува и воспитува децата, била со декрет префрлена во прво одделение за да ја учи малата на диктаторчето.

Без да ја прашаат неа, без да ја прашаат нејзината колешка, без да ги прашаат родителите, без да помислат каква траума тоа им прави на децата кои до сега ги учела. Онака, пошто на безочниот, безкрупулозен, самозаљубен и самовознесен така му текнало.

Како да неговото дете е повредно од другите, како да ова е приватна журка кај што он одлучува кој ќе му свири и кого ќе го викне на гости!
Епа не може така!
Не више!

Andrej Zernovski запознаени ли сте со овој случај? Барам јавно да ми одговорите дали ќе го толерирате ова самоволие или планирате нешто да преземете?

Ина Габер
фејсбук статус