РКЕ: Апел до партиите да не ја вмешуваат РКЕ во дневната политика, цените не се зголемија за 6,39 денари, туку се намалија за 1 денар за бензините, односно 2 денари за дизелот

0
1142

Во однос на текстот со наслов „Илија Димовски пресмета: 6,39 денари повеќе за државата и трговците од литро гориво“, од регулаторна информираат дека Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од овој понеделник (27.05.2019) цените на бензините се намалија за 1 денар, а цената на дизелот се намали за 2 денари.

„Примената на новата методологија споредена со примената на методологијата која што беше составен дел од договорот за купопродажба на Окта од 1999 година, значи намалување на цените на бензините и дизелот за повеќе од 1 денар. Доколку во овој понеделник се применуваше методологијата договорена во 1999 година,  цените на бензините и дизелот ќе беа повисоки споредени со цените кои што произлегоа од новата методологија.  Да резимирам:

  • цените не се зголемија за 6,39 денари, туку се намалија за 1 денар за бензините, односно 2 денари за дизелот, што е сериозна разлика
  • со новата методологија граѓаните ќе плаќаат пониски цени за горивата

Ве замолувам сите: НЕ ЈА ВМЕШУВАЈТЕ Регулаторната комисија за енергетика во дневната политика“, се наведува во реакцијата.