Реџеп Реџепи бил во притвор, а МВР тврди дека се борел во Куманово

0
887

Реџеп Реџепи не можел да биде дел од случувањата во Куманово, бидејќи 16 дена пред инцидентот бил уапсен и се уште е во притвор, тврди братот Рефки Реџепи за телевизијата „Телма“.

redzepi

Браќата Рецепи беа приведени на 23 април, два дена по нападот во Гошинце, откако во нивната шупа бил пронајден експлозив.

Реџеп Реџепи се најде на листата на МВР со седумте имиња за кои постојат докази дека учествувале во нападот на станицата во Гошинце, како и во инцидент во кумановското Диво Насеље.