Ретроспектива на 30 години пред и 30 години потоа

0
1151

Некогаш со УСА во финале, денеска на работ на преживување…

makso1
Што ни се случи за помалку од 30 години, каде бевме и каде сме денеска?
Бев осумгодишно дете кога го дочекавме нашиот Реџо од Олимпијада, беше херој на државата, јунак на нацијата и никој од нас не правеше меѓусебна разлика кој од каде е, гордиот Ром Реџеповски беше нашиот јунак и нашата национална гордост.

Не бевме оптеретени со тоа кој каков е и чив е, зборот завист и љубомора беа непознати за нас.
Браварот изгради и создаде многу но најголемото наше богатство беше во душата, по вековното трпи и трај се изградивме во горди луѓе.

Одеднаш тој свет се сруши како кула од карти додека сите жално гледавме и сеуште гледаме како се распаѓа и уништува онаа што го градеа нашите дедовци и баби, одважни луѓе со творечки дух. Денеска сеуште се разграбува и распродава онаа што беше изградено во тој период, политичките елити не можеа да го распродадат а камо ли да изградат нешто слично.

Се прашувам самиот себе си многупати дали воопшто имаме излез, дали постои можност, дали ќе создадеме перспектива???
Да секако дека можеме, кога сакаме ние можеме, потребно е да поставиме цел, да дефинираме правила без исклучоци, да се фатиме сложно за работа и еднаш за секогаш одговорните да одговараат според законот…
Ние го можеме тоа…

‪#‎ВистинатаЗаМакедонија‬ продолжува

п.с. Да имаше четврта рунда Американецот ќе беше на под а ние ќе имавме олимписко злато во Куманово…
– Ти благодарам Реџеп Реџеповски

фејсбук статус на Максим Димитриевски