Ременски: Павле го трпи линчот, а големиот поштењачина Груевски никогаш не призна дека снимките се автентични

0
1386

Пратеничката, Фросина Ременски, застана во одбрана на колегата, Павле Богоевски, кој се најде во очи на јавноста по објавената аудио снимка, каде, според тврдењето на Богоевски, нарачувал масло од канабист за негов близок пријател. Ременски го споредува Богоевски со пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, кој, како што потсетува Ременски, никогаш не призна дека „бомбите“ се автентични, туку до крај лажно тврдеше дека се сечени, лепени и монтирани.

„Додека се делат лекции за морал, етика и одговорност за Павле, може и да научиме нешто.

Павле не негираше снимка и негов глас во стилот “сечено, лепено, монтирано” и имаше храброст да се пријави во полиција и во обвинителство за тоа што го порачал. Спремен е да одговори на сите заинтересирани и не бега од линчот и епитетите кои толку многу му ги наредија. Истиот тој Павле ќе ја свика и ќе ја води седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на азилантот Никола Груевски кој го слушавме сите што се порачувал, барал и наредувал. Но, тој никогаш не призна дека снимките се автентични и не се сечени, лепени и монтирани, и далеку е од чувството на морал или храброст да се пријави во полиција и да каже каков е неговиот ќар од тоа што го порачуваше – провизии, уништување на судбини, прогони, шамари, луксуз, прикривање на убиства …

“Неморалниот и неодговорниот” Павле ја има доблеста да го трпи линчот од моралистите спинери и нивните извршители кои сакаат да се подзаборави на мандатот на големиот поштењачина Груевски.
Како тргнале можеби ќе дознаеме и како избега …, преку сечено, лепено и монтирано.

До тогаш … Живели моралисти !“, пишува Ременски.