Министерството за труд и социјална политика не може да го најде договорот кој на Диме Спасов му дозволувал да управува со службениот „Туарег“ на Агенцијата за вработување, изјави министерката Фросина Ременски.
-Надлежните служби ги проверуваа сите договори склучени од август до октомври минатата година, но таков документ не најдоа.
Ако навистина има таков договор, логично е да има еден примерок и во МТСП, вели Ременски.