Ременски: Македонија страда од квазипатриоти на кои идеалот за Македонија им стана параван за богатење, криминал и корупција!

0
1046

Македонците по Илинден, со убиството на Јане Сандански ја испуштија шансата со младотурската револуција (1908) да ја извојуваат автономијата во рамките на Османлиската империја, а подоцна и независноста. Со Букурешкиот договор (1913), соседите станаа независни, а Македонија остана териротија за поткусурување.
Македонците за време на Втората светска војна се приклучија на антифашистичката борба и по победата над фашизмот (1944) за првпат добија држава. Со АВНОЈ и АСНОМ стана република во рамките на југословенската федерација која беше воена, економска и политичка сила во Европа.

Македонците за време на распаѓањето на СФРЈ (1991) и осамостојувањето на југословенските републики, без оружје и на мирољубив начин стана независна и самостојна држава.

Денес, во време кога државите се борат да станат дел од економски (ЕУ), политичко-воени сојузи (НАТО), за да можат да ја обезбедат својата економска, финансиска, социјална, полтичка и безбедносна стабилност и иднина, граѓаните на Македонија не смеат да ја испуштат оваа историска шанса и да ги затворат вратите кон иднината на младите поколенија.

Оние кои себе си се претставуваат како лидери и симпатизери на историската македонска револуционерна борба и идеалите за слободна, независна и обединета Македонија, треба да знаат дека, тие идеали можат да живеат и да се остварат единствено во Европа без граници, во која граѓаните на Македонија и граѓаните на соседните држави ќе ги избришат границите помеѓу себе. Само во европеизиран и интегриран Балкан можеме да зборуваме за остварување на сонот на борците за Македонија.

Македонија денес, стана заложник на невизионери и луѓе кои преку ширење на патетична историја за обесправеност, страдања и поделби, сакаат да зборуваат за патриотизам во 21 век – век во кои историјата треба да биде лекција за исправање на грешните, а не лекција за повторување на грешките.

Македонија денес, страда од квазипатриоти на кои идеалот за Македонија им стана параван за богатење, криминал, корупција, заплашување и заробување на сопствениот народ.

Ако слободата беше вековниот идеал на Македонците од пред Илинден, до денес, тогаш каде умре тој идеал? Дали поробувањето од „свој“ окупатор помалку боли? На ова прашање, одговор не доби ниту Ченто.

Борбата на граѓаните на Македонија не смее да биде борба на квазипатриот/и кој/и заради спас од злоделата против сопствениот народ ја носат Македонија на слеп пат на кој иднината е неизвесна. Таа борба мора да биде борба за слобода од домашни окупатори кои ги заробија институциите, ги иселија младите, ги поделија граѓаните по секакви основи, ги осиромашија и украдоа граѓаните, ги направија трговци на сопствениот идентитет, ги оттуѓија и од своите и од туѓинците …

Ја направија Македонија земја за потсмев и недостижна во пропаѓањето.

Тоа не е идеалот кон кој тежнее овој народ !

Ако „народот одлучува за својата иднина“, нека одлучува помеѓу слобода/иднина и неофашизам !

Фејсбук статус на Фросина Ременски, потпретседател на СДСМ.