Ременски: Кривичната пријава од ССМ е непознавање на синдикалните акти

0
914

Најавата за кривична пријава од претседателот на Сојузот на синдикати Живко Митревски, е основно непознавање на синдикалните акти, вели министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски.

– Ја информираме јавноста дека ниту министерот ниту претставници од министерството имаат право да присуствуваат, ниту пак присуствувале на седници на Советот на ССМ и притоа да учествуваат или влијаат на носењето на одлуки кои се во исклучива надлежност на синдикатите.

Истиот Живко Митревски нека се присети на 2010 година кога во иста постапка го промени тогашниот прв синдикалец Ванчо Муратовски и наместо со решение од министерот, неговиот упис во Централен регистар е спроведен со заклучок како несоодветен правен акт во постапка за упис на одговорно лице – вели Ременски.

Според Ременски, сето ова зборува за очајниот обид за партиска мобилизација на сите одговорни лица од кои во иднина ќе се побара одговорност за финансиското работење, начинот на застапување на правата на работниците во Република Македонија и целокупното партизирање и рушење на концептот на синдикално организирање.

Извор: Мета