Ременски за „чистката“: Најголемите проблеми на граѓаните се од локален карактер

0
965

Фросина Ременски од СДСМ во вечерашното гостување на Телма на прашањето во кој дел од власта треба да има „чистка“, одговори дека проблемите на граѓаните главно се од локален карактер.

-Верувам дека метлата ќе биде реализирана, зашто сите ние добивме чест, но и одговорност да ја подобриме ситуацијата. Првичните извештаи на ОБСЕ покажуваат дека демократската атмосфера им дала на граѓаните да изберат дали ќе излезат на изборите или не. Веруваме дека граѓаните се доволно зрели и политички прецизни да проценат што ќе значат пропаднати избори. Реалните проблеми на граѓаните покажуваат дека главно тие потекнуваат од локален карактер, иако имаше и доста критики за централната власт, рече Ременски.