Ременски: Директорот на АВРМ да одговори како „туарегот“ се нашол кај Спасов

0
953

Министерката за труд и социјала Фросина Ременски во изјава за 24 Вести вели  дека  директорот на Агенцијата за вработување треба да одговори како ова возило се нашло кај Спасов.

Според информациите, „туарегот“ што го управувал Диме Спасов за време на сообраќајна несреќа во август минатата година со одлука на Влада од министерството за труд и социјала бил доделен на Агенцијата за вработување.

Директорот на Агенцијата за враобтување Влатко Поповски денеска е недостапен за новинарите. Одделни медиуми информираа дека тој утрото заминал на планинска прошетка.

Телевизија Алсат М  објави дека на службениот телефон на директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски одговирила неговата сопруга која им соопштила дека  Поповски го заборавил својот телефон и заминал на планина рано утрово, а најверојатно ќе се врати доцна навечер.