Рекреативниот центар во Богомила достапен за граѓаните од поплавените региони, можат да се сместат 40 лица

0
1204

Здружението на пензионери од Велес го отстапува рекреативниот центар во Богомила за граѓаните од поплавените подрачја во кој можат да се сместат околу 40 лица.

Ова денеска го соопшти претседателот на Сојузот на здружение на пензионери на Република Македонија Драги Аргировски при што истакна дека Сојузот активно се вклучил  во отстранување на последиците во поплавите.

– Здружението на пензионерите посебно од Гази Баба каде што е подрачјето  на оваа катастрофа формира посебна комисја,  ги посетуваат посебно старите и изнемоштени и во основа има еден апел за помош на тие постари лица дека им се потребни лекови и медицинска помош, истакна Аргировски.