Режимското гебелсче Илија Димовски ја прекина седницата на Собранието и ги повика министрите да не одговараат на пратенички прашања

0
2041

Седницата за пратенички прашања уште непочната се прекина, на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, кој ја нарече седница за мобинг.

„Оваа седница за пратенички прашања ја нарекувам седница за мобинг. Ги повикувам министрите да не одговараат на прашањата на пратениците, зашто тоа ќе значи вршење мобинг врз нив. Забранувам прашања и кон мене, зашто тоа ќе го сфатам како мобинг. Овој стандард во Собранието го воспостави специјален човек, кој е на чело на една специјална институција и кој одби да одговара во Собранието на прашањата на пратениците. Барам еден час пауза, за да ги утврдиме правилата на игра“,  рече Димовски на почетокот, по што претседателот на Собранието даде пауза од еден час. Пратениците од власта му аплаудираа на Димовски.

Според Законот за Собрание и според  Деловникот на Собранието, секој последен четврток во месецот мора да се одржи седница за пратенички прашања. Законот за Специјалното обвинителство не го обврзува специјалниот обвинител да присуствува и да одговара на прашањата на пратениците кога се разгледува извештајот на ова обвинителство во Собранието.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, вчера ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители, со образложение дека ѝ се врши мобинг.