Службеници на финансиската полиција веќе еден час се во зградата на Општина Струмица, објавува Press24.
Според извори на порталот, финансиската полиција во моментов обезбедува наредба од Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција за одземање на документација поврзана со тендери за превоз на ученици во општина Струмица.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев ја обвини општина Струмица дека плаќала по неколку пати поскап превоз за учениците.