Режимските копитари на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во ДИК ги украле цедињата со податоците за спорните гласачи

0
910

з одлука на Државната изборна комисија, без никаква расправа, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА во ДИК пред два дена ги зеле цедињата со податоците за спорните гласачи од просториите на оваа институција, дознава „Слободен печат“. Со тоа, како што велат упатените, е извршен упад во документацијата на ДИК и се создава можност да се минира теренската проверка, пишува Плусинфо.

dik-nov-gen-sekretar-640x356

–  Во овие материјали има лични податоци за гласачите, како и адреси. Тие веќе се во партиските штабови и може да се искористат за да се промени ситуацијата на терен токму пред да почнат теренските проверки. Тоа е и намерата, со манипулација да се скрие вистинската состојба – велат извори во ДИК за Слободен печат.

Трите политички партии ги зеле цедињата без за тоа да постои одлука на ДИК, но сепак се потпишале кога ги подигале материјалите. На една од седниците се разговарало податоците од вкрстената анализа, која покажа дека на Избирачкиот список има околу 330.000 спорни гласачи, да бидат споделени со партиите, но претставниците на СДСМ истакнале дека тоа треба да се случи по завршувањето на теренската проверка за да не може да се влијае на процесот.

И претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, бил против тоа цедињата сега да бидат достапни за партиите, но неговиот заменик Реџеп Прекопуца, ја прифатил оваа идеја.

Текстот во целост прочитајте го тука