РЕЖИМСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ ТОТАЛНО НЕФУНКЦИОНАЛНИ : 14 тела на загинатите заглавени во капелите на „Бутел“ зашто немаат документ за смртта

0
1123

АД „Бутел“ бара од надлежен државен орган да издаде документ за причините на смртта на 14-те тела кои се згрижени во капелите за да може да им ги предаде на семејствата за погреб, пишува Плусинфо.

Оваа процедура се бара поради тоа што телата се донесени во Бутел со усна наредба на јавното обвинителство и без документи за околностите во кои настапила смртта. Без ваков документ не ќе може починатото лице да се внесе во Изводот на книгата на умрените во МВР.

Ниту еден од овие 14 лица нема да биде погребан на градските гробишта Бутел. Телата, пак, на седум загинати, семејствата си ги земале од самото место каде што биле најдени.

Лекари од Брзата помош ја констатирале смртта на самото место каде што биле најдени телата, но јавен обвинител не излегол на терен и не дал наредба за обдукција. Усно било наредено телата да бидат преземени од АД „Бутел“, како што и е сторено.

Повеќе на Плусинфо.