Режимскиот прдеж Живко Пејковски се обиде да ја спречи Шарената револуција да држи прес пред Идризово

0
1468

Директорот на затворот во Идрзово, Живко Пејковски не дозволи Шарената револуција да одржи прес конференција пред затворот во Идризово. Тој прати двајца од затворското обезбедување да ги спречат претставничките на Шарената револуција, Мирјана Најчевска и Уранија Пировска да ја одржат прес конференцијата, јави А1он.

Обезбедувањето прво кажа дека прес конференцијата не била најавена, иако таа се одржува на јавен простор, потоа дека директорот на затворот не дозволува, за на крај да каже дека тие ќе сметале на влезот на затворот.

Најчевска и Пировска побараа од обезбедувањето да каже со кој закон се забранува одржувањето на прес конференцијата на јавен простор, односно пред затворот, а тој кажа дека и паркингот пред просториите на затворот спаѓа во затворска просторија, како и дека оние кои одат на посета кај најблиските како и тие кои ја држат прес конференцијата, вклучувајќи ги и новинарите и камерманите се во просторот на затворот.

По настојувањето, тој дозволи одржување на прес конференција, но на страна од затворот со образложение дека не смее да се снима зградата на затворот, иако на местото каде беше планирано да се одржи прес конференцијата единствено нешто што можат да снимат камерите беа административните простории на Идризово.