РЕЖИМСКИОТ ОЛИГАРХ ОРЦЕ КАМЧЕВ ЈА ШИРИ ИМПЕРИЈАТА: „Масив констракшн“, подружница на „Камчев консалтинг“ е сопственик на една од парцелите за згради во Аеродром

0
1504

Во општина Аеродром деновиве се актуелни измените на ДУП-овите со кои се отвора можност за изградба на објекти на потегот од Ново до Горно Лисиче, но и од Железничката станица до Мајчин дом. Најголемата локација за потенцијална градба, која наиде на низа реакции и веќе се собираат потписи од граѓани, се наоѓа токму паралелно со Мајчин дом. Таа парцела е во сопственост на „Масив констракшн“ и тука е можно да „никне“ зграда од 10-ина катови, заедно со околна гаража.

Имено, оваа парцела е покрај булеварот „Јане Сандански“, од црквичката „Св. Стефан“ накај „Три бисери“. Таа веќе десетина години е во приватна сопственост. Податоците од Агенцијата за катастар на недвижности велат дека се работи за парцела број 193/2. Имотниот лист број 45115 се води на Друштво за градежништво, производство, трговика иуслуги „Масив констракшн ДОО СКОПЈЕ“, пишува Мкд.мк

Според Катастарот, „Масив констракшн“ е сопственик на неизградено земјиште со површина од 3.538 метри квадратни.

Ова друштво е со адреса на улица „Димитрие Чуповски“ број 23. Низ интернет просторот не се наоѓаат информации за „Масив констракшн“, единствено името се сретнува на консолидиран финансиски извештај на „Камчев консалтинг ДООЕЛ Скопје“ за 2014 година, каде ова Друштво е наведено како подружница.

Поточно, таму стои дека Групата „Камчев консалтинг“, покрај матичното друштво за консултантски услуги, ја сочинува и подружницата „Масив констракшн“ заедно и со „Орка холдинг“, Клиничка болница „Аџибадем систина“, Фондација Камчев, „Кара“, потоа „АРХИ ДОО“, „ЕК-ОР ДООЕЛ“, придружното друштво „Графички центар ДОО СКОПЈЕ“… Не е тајна дека сите овие ги поврзува името на бизнисменот Јордан Камчев.

Извор: Мкд.мк