Режимскиот олигарх Орце Камчев денеска го отвора хотелот Ибис позади споменикот на Александар

0
2027

Попладне во 14 часот е закажано свечено пуштање во употреба на уште еден хотел на бизнисменот Орце Камчев. Хотелот со франшиза од ланецот Ибис е на плоштадот Македонија позади споменикот на Александар кај комплексот банки.

47622537
На отварањето се поканети многу гости а не се објавува дали премиерот Груевски, близок бизнис партнер на Камчев, ќе ја пресече лентата и ќе го означи стартот на новиот хотел.
Во МПМ, компанија која на хартија се води како сопственост на Камчев, како што дознаваме, денеска имало возбуда како подобро да се одбележи во нивните весници оваа нова инвестиција на тајкунот Камчев.
Во негова близина позади пивницата хотел од неодамна отвори и Владимир Здравев, долгогодишен председател на советот на општина Центар во времето на градоначалничката Аларова а истовремено и директор на државната МЕПСО.
Хотелот на Здравев, крстен Солун располага со супер луксузни апартмани и е уреден со скап енериер и уметнички слики.
Здравев е член на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и е во највисоките нејзини раководни тела.

фото: Билд