Режимскиот копитар Срѓан Керим падна на осмо место по денешното гласање за генерален секретар на ОН

0
1265

Македонскиот кандидат за иден Генерален Секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, падна на осмото место по денешниот петти круг на гласање во Советот за безбедност на ОН.kerim-glasanje-860x6461-670x503

Керим на ова гласање од амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на ОН добил шест позитивни поени и девет негативни поени.

На првото место се уште е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор овој пат е кандидатот од Србија, Вук Јеремиќ, а на трето место е кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек.

Керим падна за четири позиции, од последното гласање на 9 септември кога беше на четвртото место.

Извор: Мета