Режимскиот извршител Горан Трајковски кој заедно со Јанакиевски предизвикаа ,,ПИСКАЊЕ И ВРИСКАЊЕ” по фирмите во Прилеп и другите општини останува на чело на УЈП

0
1052

Горан Трајковски останува на чело на Управата за јавни приходи. Владата на вчерашната седница одлучи Трајковски да продолжи да раководи со една од најмоќните институции во државата. Оваа одлука Владата ја донесе експресно, со оглед на тоа што рокот за пријавување на јавниот оглас за избор на нов директор на УЈП истече вчера, објави Телма.

goran-trajkovski-10-610x4001-540x354

Ова ќе биде трет мандат на Трајковски на оваа позиција, откако претходниот му истече пред два дена. Сепак, не се знае до кога ќе директорува со УЈП, со оглед на тоа што позицијата директор на даночната управа треба да биде предмет на политички договор меѓу власта и опозицијата.

Трајковски е на функцијата од почеток на владеењето на Груевски како премиер, а во претходниот период се шпекулираше дека планира по завршувањето на мандатот да замине од УЈП и да работи како нотар.