РЕЖИМОТ ЌЕ СЕ БРАНИ СО ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ОПОЗИЦИЈАТА И ПРОТИВ МЕЃУНАРОДНИОТ ФАКТОР!

0
909

grujo_4

Екипата на премиерот Никола Груевски го подготвува членството на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за радикални политички протести во Скопје, налик на пролетната пресметка на власта и опозицијата во Србија на 1 март 1991 година во Белград, три години по националистикиот говор на Слободан Милошевиќ на Ушќе. Плусинфо дознава дека протестот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија, на истата локација каде што се одржа контра-протестот на власта на 18 мај годинава. Но, можно е протестите да се прошират и во другите градови во земјава, пишува „Плусинфо“.

Протестот во Скопје, како што дознаваме, има цел политички да ги подразбуди подзаскриени или повлечени активисти, симпатизери и членови на владејачклата партија, поради „опасноста“ која наводно и се заканува на Македонија од опозицијата и од интервенцијата на меѓународниот фактор. Главните слогани на протестот ќе бидат поврзани со приказната дека Македонија ќе се федерализира и ќе се распадне, ако дојде до промена на власта.

Бидејќи интерните проверки во штабовите на владејачката партија откриле дека не може да се смета на голема посетеност на членството од Скопје и од околните општини, планот е да се организира превоз, при што ќе се ангажира буквално се што се движи на четири тркала. Идејата е во Скопје да се доведат повеќе од 100.000 митингаши, а не е исклучена опасноста од хулигански дивеења и физички напади врз политичките противници.

Целиот текст ОВДЕ