Режимот преку „Макпетрол“ удира врз „Телма“: Одземена лиценцата за складирање нафта!

0
967

„Макпетрол АД“ – Скопје повеќе нема да складира сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, затоа што на фирмата не ѝ е продолжена лиценцата за вршење енергетска дејност од Регулаторната комисија за енергетика.

– „Макпетрол АД“ – Скопје благовремено поднесе барање за продолжување на лиценцата на 10 јули 2015 година и во прилог достави документација на основа на која ѝ беше издадена лиценцата во 2005 година. Регулаторната комисија за енергетика со заклучок УП1 бр.11-90/15 од 2 октомври 2015 година, незаконито привремено ја продолжи лиценцата за шест месеци и побара да се достави дополнителна документација која не е во сопственост на „Макпетрол АД“ – Скопје, ниту може да ја обезбеди. „Макпетрол АД“ – Скопје, почнувајќи од 5 мај 2016 нема да презема никакви дејства во поглед на располагањето со резервите за кои е складиштар и воедно не презема никаква одговорност за последиците што би произлегле – стои во соопштението од „Макпетрол АД“ – Скопје.