РЕЖИМОТ ПОЧНУВА ДА ГИ ЗАТВОРА СВОИТЕ ПРОТИВНИЦИ: ОЈО бара притвор на Здравко Савески од Левица поради симнување на сликата на Иванов!

0
941

Денешното апсење на Здравко Савески од Левица е по барање на скопското Јавно обвинителство по доставени видео снимки од полициски камери но и од камерите на тв куќите кои ги следат протестите кои започна со аболицијата од претседателот Иванов, дознава Либертас.

За Савевски од Левица, според извори од обвинителството, екипата на заменскиот министер Чавков доставила снимка како тој на првиот ден од протестите влегува во канцеларијата на претседателот на Рекорд, ја симнува сликата на Иванов а потоа следело кршење на прозорците од страна на демонстранти.

Во обвинителството Чвков доставил куп снимки со барање лицата кои правеле насилство на протестите да бидат притворени.

Тој веќе се закани во интервју за Канал 5 дека се снимало се што се случувало на протестите.

Инаку, на вториот ден од протестите беше приведен и Бранимир Јовановиќ, исто така член на Левица, но тој беше пуштен по 24 часа, без обвинение.