Режимот не сопира со задолжувањата, утре ќе бара нови 4,7 милиони евра

0
903

Владата не сопира со задолжувањата. По одлуката дека на меѓународните парази сака да се задолжи со еврообврзница со максимален износ до 650 милиони евра, утре на домашниот пазар ке побара нови 4,7 милиони евра, објави Телма.

Според телевизијата, на аукцијата на хартии од вредност ќе бидат понудени само 3 месечни и 12 месечни записи а во среда за вракање достасуваат 8,6 милиони евра. Минатата недела иако првично бараше 5,4 милиони евра, владата се задолжи два ипол пати повеке односно од банките и фондовите зема 12,6 милиони евра .

Аргументите за купување на македонската обврзница од денеска ќе бидат изложени на средбите кои претставници на министерството за финансии ги почнуваат со инвеститори од САД и Европа. Според берзанските советници каматата ќе се движи меѓу 5-6 отсто.

mkd-273006

Инаку, идејата за задолжување со еврообврзницата донесе различни реакции низ јавноста. Остро реагираа повеќе партии, движења, економски експерти, а задолжувањето е повод и за нови вечерашни протести.