РЕЖИМОТ ГИ КАЗНУВА СУДИИТЕ КОИ НЕ ГО БАКНУВААТ МИЈАЛКОВ ИСПОД ПАПОКОТ: Од скопска единица сменет судијата Албанец што работеше на истрага и даде притвор во „Титаник“

0
1279

Во кривичниот суд во Скопје, во истражното одделение и во кривичните совети кои одлучуваат за притворите кои ги бара СЈО, како и за другите постапки во организиран криминал, преку ноќ, од пред неколку дена е тргнат и последниот судија Албанец, официјално „по негово барање“, а неофицијално, сменет е поради одобрување на притвор за член на Општинската изборна комисија од Чаир во предметот „Титаник“, пишува Сведок.

Пајазит Пајазити е судијата кој во претходна постапка одлучувал по предметот „Титаник“ делот кој се однесуваше за фингирање на изборните резултати во Чаир, и кој определил куќен притвор за член на изборната комисија. Ваквото решение на судијата кој го определил притворот беше укинато од кривичниот совет во судот, како што беа укинати сите решенија за притвор определени во предмети иницирани од СЈО, а судијата завршил во Градскиот парк, во ооделот за прершоци, познат како „казнена единица“ во судот.