Реакција на град Скопје за денешниот прилог објавен на интернет порталот „Курир“ со наслов „Граѓаните со остри критики: Шилегов ќе набавува пушки за да се убиваат кучиња, ова не смее да му помине!

0
1360

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 09.03.2018 година

РЕАКЦИЈА

Градот Скопје остро ги демантира наводите и дезинформациите објавени денеска (09.03.2018 година) на интернет порталот „Курир“ со наслов „Граѓаните со остри критики: Шилегов ќе набавува пушки за да се убиваат кучиња, ова не смее да му помине! (ФОТО)“ и на социјалните мрежи – од страна на поединци и невладини организации, во коишто се тврди дека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ набавуваат пневматски пушки наменети за заловување на бездомните кучиња од скопските улици. Овие паушални тврдења се лага со која се манипулира јавноста.

Сакаме да нагласиме дека јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е задолжено да се грижи за медицински третман на бездомни животни и за таа цел секоја година распишува тендер во кој се бара ветеринарна станица која ќе ги врши овие услуги. Во постапката, не се бара купување на пушки, туку во техничката спецификација се бара фирма која ќе врши асистенција за заловување на агресивни кучиња со пнеуматски пушки со употреба на соодветен анестетик, како и соодветна потврда издадена од МВР за управување со истото. Истите услови при медицински третман на бездомни животни биле користени и во претходните години 2014, 2015, 2016 и 2017 година и оваа метода е неопходна при справување со агресивни кучиња и истата е безболна. Наведената јавна набавка е поништена, а критериумите ќе бидат повторно разгледани и ревидирани.

Во тој контекст би сакале да ја информираме јавноста дека ЈП „Комунална хигиена“- Скопје веќе две години наназад поседува две пневматски пушки коишто беа набавени од претходната градска власт, како и лиценца и дозвола за нивна употреба, но истите никогаш досега не биле употребени за време на заловување на бездомните кучиња. Пневматските пушки не се наменети за усмртување на животните, туку за нивно евентуално успивање, само и доколку се јават проблеми во текот на заловувањето.

Сакаме да го потенцираме фактот дека секое заловено куче го прегледува екипа од ветеринари коишто проценуваат дали животните се здрави и дали со своето однесување претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните.

Во однос на спроведувањето на Програмата за хуман третман на животните и потребните хигиенско-технички стандарди, Стационарот е под инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветерина на РМ.

Со почит,

Град Скопје