РАСКОЛ ВО КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ – НЕЖДЕТ МУСТАФА МУ ГО РОКНА НОЖОТ НА ГРУЈО И КАЖА ЗБОГУМ!

0
3024

Обединетата партија за еднаквост на Ромите (ОПЕР) во вторникот вечерта објави дека и покрај партискиот предлог за квалитативно подобрување на кандидатите за пратеници на листите и давање можност образовниот и интелектуалниот капаците да ги претставува интересите на Ромите во Македонија, владејачката ВМРО-ДПМНЕ се одлучила да ја продолжи соработката со Амди Бајрам, и повторно да го кандидира за пратеник на претстојните предвремени парламентарни избори на 11-ти декември.

Оваа одлука е донесена по дискусијата на претседателството на ОПЕР на коешто било дискутирано за еднаквоста на Ромите низ призмата на последните преговарачки позиции за продолжување на соработката со сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Ромите посочуваат дека биле многу јасни во своите ставови дека ќе поддржат кој и да е друг кандидат од која и да е друга ромска партија, вклучително и од на Амди Бајрам, „доколку тој кандидат ги исполнува образовните предуслови за квалитетно застапување“ на оваа етничка заедница во Собранието. Уште на 26-ти октомври Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите(ОПЕР) порача дека нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ доколку на која и да е листа за следните парламентарни избори закажани за 11 декември се најде Амди Бајрам.

Како што информираа од ОПЕР, пред две седмици била одржана средба меѓу претседателот на ОПЕР, Неждет Мустафа и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, на која Мустафа истакнал дека тие нема да се согласат да коалицираат со партијата на власт ако таа го стави на некои од изборните листи Амди Бајрам. „Таков човек е навреда за Ромите и ние не сакаме да бидеме во иста коалиција со него“, порачаа од ОПЕР.