Раскол во ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски не сакал приклучување кон десен опозициски фронт, иако мнозинството било за

0
1517

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-Народна партија, се гласало за настапувањето на претстојните предвремени парламентарни избори.

Извори на Либертас во партијата, тврдат дека на гласањето резултатот бил 5 гласа „за“ приклучување кон десен опозициски фронт, а имало 2 гласови „против“.

„Против“ гласале претседателот на партијата Љубчо Георгиевски и како и Ламбе Арнаудов. Против бил и генералниот секретар Љупчо Балкоски, но тој воопшто не дошол на ИК.

По гласањето Георгиевски им се обратил на сопартијците, им рекол дека можат слободно да се приклучат на десниот опозициски фронт и слободно да ја користат партијата и печатите, но дека тој нема да биде дел од тоа. Тој им порачал и да не очекуваат од него да се појавува на митинзи, ниту било каде во кампањата, и да не очекуваат од него пари за финансирање на кампањата, велат изворите на Либертас.

Според неофицијални информации, формирањето на десен опозициски фронт оди многу тешко и неизвесно е дали тоа ќе успее. Досега во Коалицијата за промени и правда се здружени Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО – Работничка партија, а тие прават напори во коалицијата да ги придобијат и ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство.

Извор : Либертас