Рамадан Рамадани: На Грујо повеќе гатачката не му помага

0
1496

Него го фатија православни христијани со гатачка, а криви му биле оџите?!

А тоа што прислушкувал и оџи и што изгуби и во села и градови без оџи?

Гатачката го учи така: после Сорос и светски сили сега оџите му се криви, следно ќе му е веројатно Меркур со Плутон се соедини?!

Но, ете чим е подготвен за во опозиција ќе има време и за астрологија. Ама во Шутка и Идризово нема баш многу книги. Не знаеме овие делата преведени со Гугле транслате дали ги донирале и по затвори, но и да е така погрешен превод ќе ја збуни и гатачката а не само магистер од пред МАНУ.

За зборот „фенси“ веќе дозна цел свет дека му останал како несвесен муабет од Халкидики. Но, не едно интервју, па ни друго во четири дела туку и интервјуја пет не можат да направат да се заборави најактуелниот муабет дека на последните избори тој изгубил од гласови огромен процент.

Нека не лаже дека се приближно исти оти иако имаше приклучување на три-четири нови партии во неговата коалиција тој освои помалку гласови и едната му беше Гром со дваесет илјади и повеќе гласови на претходните избори.

Кога се ќе се собере, самиот тој паднал најмалку за дваесет проценти од збирот на гласови. Освен ов,а треба секако да даде отчет за залудно потрошениот мандат и пред коалиционите партнери и пред партијата.

А за таму не помага ни гатачката.

Фејсбук статус на Рамадан Рамадани