Драга Јоци,
Ти повторно продолжуваш да манипулираш и преку мене се обидуваш да му наштетиш на Жерновски? Дали вистински мисиш дека со вакви инсинуации ќе успееш да ја избуткаш својата агенда?
Бидејќи ме обвинуваш дека како Раководител на јавни набавки сум се стекнал со нелегални пари и имот, јас денеска на тебе и на целата јавност, ќе ви ги презентирам моите приходи, уредно пријавени во УЈП. Овие приходи драга Јоци, се легално остварени преку приватна дејност. Институциите лесно ќе може да докажат дали имам повеќе имот од она што сум го заработил и сум можел да го купам. Може ли така, правно да постапиме? Или тебе правдата и вистината не те интересираат?
Ги повикувам сите институции веднаш да истражат и потврдат, дали поседувам повеќе имот отколку што сум можел според приходите да купам. Јас до 2013 година од приватна дејност, пресуди од спорови и поклон од имот имам вкупно остварено и пријавено 27 милиони денари приход. Ти се верува? Па уште ги имам пријавено во УЈП, еве погледни долу во документите. Јас ти ги извадив потврдите од УЈП, бидејќи тебе ти било „тешко“ по топлото да одиш да ја бараш вистината. Јас не се срамам од моите приходи, ги имам заработено и за нив имам платено данок. Тоа е сеуште легално во земјава се надевам.
Во прилог ти ги доставувам доказите за се ова што го тврдам за да имаш со што да се бавиш. Скриените податоци се заради законот за заштита на лични податоци.Е сега, бидејќи сакаш вака да играме, ќе те прашам јас тебе нешто. Ајде Јоци, вака на ист начин како мене, оди до УЈП и докажи какви приходи имаш ти. Покажи дали плаќаш за нив данок и од што живееш како „фриленсер“.
Ти си невработена нели? Сама пишуваш дека работиш самостојно, сигурно имаш приходи за да се храниш. Освен што го храниш егото на Фејбук верувам мораш и нешто да јадеш. Ајде да ги видиме твоите приходи и потврда за персонален данок платен како фриленсер. Така живеат фриленсерите, заработуваат индивидуално и за тоа плаќаат персонален данок, нели?
Те чекам да го извадиш тука тој документ и да видиме како големиот борец за правдата се финансира. Верувам правно и легално и нема да имаш проблем тоа да го направиш. Сигурно тоа ќе им се допадне и на твоите фанови, уште повеќе ќе ти веруваат. Повеќе не планирам да се занимавам со тебе. Досега ти одговарав само за да ти ја разобличам намерата политички да го дискредитираш градоначалникот на Центар.
Поздрав
Фејсбук статус на Горан Ефремовски, раководител на јавни набавки во општина Центар