Разрешен директорот на Терминал-Комуналец Прилеп заради незаконско работење

0
1290

Screenshot_5

– Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во Прилеп е во паника после објавувањето на „Вистината за Македонија“. Управниот одбор на ЈКП Комуналец на вчерашната седница го разреши раководителот на „Терминал – Комуналец“, Миленко Тодески и на негово место за ВД раководител го постави Рубин Абрашоски, изјави денеска на прес-конференција Звонко Јованоски – Член на Советот на Општина Прилеп.

Тој потенцираше дека прилепчани треба да ги знаат причините за неговото разрешување.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=q3_EtOkNwgM[/youtube]

– Според предлог точката 7 од дневниот ред, се бараше утврдување на одговорност на раководителот на „Терминал – Комуналец“ заради незаконско работење, односно незаконско задолжување на ЈКП „Комуналец“ со фактура за паркинг просторот и фактура за вагање, без одлука на Управниот Одбор. Како што се вели во истата точка, фактурирал кога сака!
Што се случи и кој направи притисок ова незаконско работење и задолжување, на самата седница да се преформулира во донесување на Одлука за спорни фактури. Бараме одговор од директорот Златко Ристески и прашуваме: Дали е ова обид за прикривање на криминал?
Јавното обвинителство е должно да покрене постапка за кривично дело по допрен глас за незаконско работење на раководителот на „Терминал – Комуналец“, дополни Јованоски.

11111(1)

Тој рече дека Советничката група на СДСМ неколку години и во повеќе наврати, барала од градоначалникот Марјан Ристески да одговори, дали намерно „кумува“ на недомаќинското работење на ЈК Претпријатија со непоставување на внатрешен ревизор, во рамки на Локалната самоуправа.

– Зошто неспособните менаџери на ЈК Претпријатија во континуитет го ставаат во заблуда Советот на Општина Прилеп, доставувајќи позитивни завршни сметки, без ниту еден збор за откриени неправилности во работењето? Братучедот на Марјан Ристески, Златко Ристески ќе мора да понесе одговорност за ова што се случувало во ЈКП Комуналец а градоначалникот Ристески за работењата на јавните претпријатија во Прилеп, рече Јованоски на прес-конференцијата.