РАЗОРНА НУКЛЕАРКА НА БИРН: ЧАВКОВ ГО УНИШТИЛ ТЕЛЕФОНОТ СО КОЈ КОМАНДУВАЛ СО НАПАДОТ НА 27-МИ АПРИЛ ВО ОБИД ДА ГИ СКРИЕ ТРАГИТЕ!!!

0
1650

Според податоци до кои дојде БИРН, на 27 април, освен споменатите комуникации со Иванов и Чавков во доцните вечерни часови, на неговите два броја не се регистрирани други разговори, ниту со странски претставници, ниту со посочените партиски соработници. На 28 април на тие два броја не е регистрирана ниту една телефонска комуникација на Груевски. Првиот и единствен разговор го реализирал дури на 29 април, со братучедот и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков.

Од кои телефонски броеви комуницирал Груевски со странските државници и партиски соработници ќе треба да открие истрагата, а вештачењето – какви тајни крие оштетениот телефон на СОЗР.

Чавков го изгубил мобилниот?

Покрај индициите дека е намерно оштетен телефонот во сопственост на СОЗР, контроверзна е и „судбината“ на уште еден телефонски апарат: вториот телефон на тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. По приведувањето, на 30-ина осомничени им биле одземени сите мобилни телефони со кои располагале, но од Чавков бил одземен еден телефонски апарат. За другиот, за кој е утврдено дека исто така активно го користел, Чавков изјавил дека го изгубил на пат од една до друга болница, кога лани во јули претрпел срцев удар.

Протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“, кои поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги објаснуваше како резултат на спонтан револт на народот, според доказите до кои дојде БИРН воопшто не се автентичен чин инициран од неколку луѓе. Иницијативата дошла најдиректно од ВМРО-ДПМНЕ

Од друга страна, во тетра-системот на МВР, кој случајно или не подолг период не бил функционален за вербална комуникација туку само за испраќање пораки, во критичниот ден како настани со можен ризик биле посочени само еден кошаркарски и еден фудбалски натпревар. Кога почнале првите собирања на граѓаните пред парламентот и понервозни реакции, преку тетра-системот била испратена порака дека пред Собранието е тензично и дека е можно влегување на толпата во парламентот.

Оваа порака можеле да ја видат сите структури во МВР, но никој не изреагирал, особено не надлежниот шеф на Оперативниот штаб, Митко Чавков. Но, и двата телефона кои ги користел во критичниот ден, особено во периодот кога бил недостапен за министерот за внатрешни работи, според записите во базните станици, зрачеле на подрачјето на општина Центар, во реонот на Белата палата.

Повеќе ОВДЕ.