РАЗОРНА БОМБА НА ФОКУС: Партиски извори во ВМРО ДПМНЕ потврдуваат дека Мицко на лидерската средба побарал амнестија за Груевци!!!

0
1404

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерските средби се обидел да издејствува амнестија за поранешното раководство на партијата, потврдуваат за „Фокус“ извори од партијата кои не се директно вклучени во преговорите со власта.

Неофицијално, Мицкоски побарал амнестија, нешто што во јавноста го откри премиерот Зоран Заев, а Мицкоски тврдеше дека тоа не е вистина и е обид за манипулација со граѓаните.

Во јавноста излегоа информации дека од ВМРО-ДПМНЕ подготвиле и предлог-закон за измени на Кривичниот законик со кои би застареле делата за кои СЈО ги гони поранешните први луѓе на партијата, односно индиректна амнестија.