РАЗОРНА БОМБА НА ФОКУС: Еве зошто Антоњо толку галами, СЈО му спрема апс и долга робија!!!

0
2062

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Гласот „за“ на референдумот е единствениот начин Македонците да испратат сигнали до цивилизираниот свет, дека наспроти сите напори да ретардираат во античко племе, тие се сепак современа нација што созреала и заслужуваат да бидат рамо до рамо со другите европски нации и демократии

ОЛАФ ШОЛЦ: РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ Ѝ ЈА ОПРЕДЕЛИ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА
„Зоран Заев и Алексис Ципрас најдоа добар компромис, кој може да понуди основа за позитивен развој на Западен Балкан. Најпрво е важно да му се вдахне живот на овој договор. За таа цел, сите политички и општествени сили во Скопје и во Атина треба да дадат придонес“, ова е пораката на г. Олаф Шолц во интервјуто за „Фокус“ кое го реализиравме со помош на канцеларијата во Скопје на Фондацијата Фридрих Еберт

СОМНИТЕЛЕН СТЕЧАЈ НА ТЕ-ТО
Откако Врховниот суд пресуди дека ТЕ-ТО должи 11 милиони на малцинскиот акционер „Топлификација“, офшор-компанијата со руски капитал „Битар Холдинг“ покрена стечајна постапка за ТЕ-ТО, со кој беа отпишани над 100 милиони евра, од кои 30 милиони евра долг кон „Топлификација“. Од таму обвинуваат дека стечајната постапка е незаконска, преку вештачко доспевање на долгови

СЈО ФИНИШИРА ЧЕТИРИ ИСТРАГИ
СЈО привршува четири истраги, кои за неколку месеци би можеле да резултираат со нови обвиненија. Таргет засега се триесетина осомничени, од кои поголемиот дел за првпат се соочиле со обвинителите од СЈО. Меѓу нив се Али Ахмети, Антонијо Милошоски, Томе Аџиев и Срѓан Керим

КОРУПЦИСКА АФЕРА НА МЕДИЦИНА
Студенти на Медицинскиот факултет во Скопје обвинуваат 55-годишен професор дека наводно им барал мито за да го положат испитот. Ддаваат дека имало разработена шема со посредници преку кои се движел синџирот на предавање на парите. Студентите случајот го пријавиле и на надлежните институции

ДОБИТНИЦИ И ГУБИТНИЦИ
Од првото сценарио, убедлива излезност, ќе слави Заев, а Мицкоски максимум ќе може да спасува образ со тврдења дека имало масовни изборни нерегуларности, од кои нема да има многу полза. Оти меѓународната заедница ќе го игнорира, а овдешниот народ ќе го смета за слабак, или дури за соучесник, штом дозволил тоа да се случи

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Дојде момент кога врз Македонија се вкрсти геополитиката, па САД и ЕУ застанаа зад силите за демократски промени, а Русија зад силите на статус квото. Играта на нашите националисти беше брутално прекината и тие се најдоа во таборот во кој интимно припаѓаат, без оглед на реториката „за НАТО и ЕУ“

Сашо ТАСЕВСКИ
Се работи за убедувања. Мое, наше, ваше и нивно. Република Северна Македонија или само Република Македонија? Во првата опција ќе нѐ препознаваат како Македонија, па макар и Северна, а во вториот случај светот ќе нѐ нарекува THIS COUNTRY, што би рекол професорот Драги Михајловски ќе бидеме ДИСКАНТРИЈА

Ана ПАНОВСКА
Не може да се предвиди натамошната судбина на ВМРО-ДПМНЕ по успешниот референдум и по оживотворувањето на Преспанскиот договор. Облакот прав што излезе со растресувањето на старата изветвена гуња на ВМРО-ДПМНЕ не беше доволен за да го замагли фактот дека Македонија прекрши! Решена е да оди напред

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Дали ние, актуелно живите гласачи во државата, сме подготвени да ја преземеме одговорноста за сите проблеми што ќе ги следат нашите идни генерации само затоа што во даден историски момент не сме собрале храброст да се качиме на последниот вагон во возот кој оди кон иднината!?

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Mожеби поопортуно ќе беше актуелната власт да настапи со макијавелистичка пропаганда дека земјите-членки на ЕУ повторно ќе ни воведат визи, ќе ги вратат сите гастарбајтери и Европа нема да дозволи престој и вработување, за да ги натера чуруците да гласаат „за“. Па, кога е циркус, да биде докрај циркус