РАЗОРНА БОМБА НА СВЕДОК – ЗАВРШИ ПЉАЧКАТА НА БАТЕ САШЕ И ГРУЈЧЕ: Агенцијата СГС по лапнати 20 милиони евра за 10 години ги изгуби сите мрсни тендери!!!

0
2053

Aгенцијата за обезбедување „Секјурити груп сервисес“ (СГС), ја изгуби „златната кокошка“, обезбедувањето на имотот на ЕВН, компанија од која во последниве 5 години инкасираше над 5 милиони евра, пишува Сведок.

СГС ги обезбедуваше сите објекти на ЕВН заклучно со 31.12.2017, според 6 месечниот договор склучен во средината на 2017 година, а од оваа година, со одлука од јануари 2018 година обезбедувањето не само на ЕВН Македонија, туку и на ЕВН Електродистрибуција Дооел и ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ ќе го врши Агенцијата НИКОБ.

Овие компании се здружиле и направиле заедничка јавна набавка за обезбедување која ја спровела ЕВН Македонија. Се пријавиле 4 компании, од кои една не ги сполнувала условите, па тендерот го добил НИКОБ, а СГС и Перпетум Мобиле отпаднале од игра.

Комисијата на ЕВН, за најповолна ја одбрала понудата на „НИКОБ“ ДОО Скопје, со кој по завршеното преговарање, постигната е последна најниска цена од 129.975.000,00 денари, (2.120.310 евра) додека понудата „ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ“ ДООЕЛ Скопје била второ рангирана со 132.210.000,00 денари,(2.156.770 евра) а на трето место била рангирана „СЕКЈУРИТИ ГРУП СЕРВИСИС“ со 226.750.000,00 денари (3.699.022 евра).
СГС е една од агенциите за обезбедување која има добиено милионски суми само од ЕВН. така, за период од 2013-2016 обезбедувањето чинеше 1,2 милиони евра, а податоците од Јавни набавки покажуваат дека договорот ЕВН -СГС во 2017 година бил 3.861.382 евра.

За период од последните 3 години, (2015-2018) според податоците од јавните набавки, Друштвото за услуги СЕКЈУРИТИ ГРУП СЕРВИСИС ДООЕЛ Скопје, склучило дговори во вредност од околу 6.830.000 евра, за обезбедување државни и јавни претпријатија, училишта, болници, патарини, а од 2011 до сега над 20 милиони евра.
На списокот на правни субјекти кои биле обезбедувани од СГС се наоѓаат над 80 компании, кои користат буџетски средства или јавни пари.

Листата на компании кои платиле најмногу пари во изминативе години за обезбедување, а користат буџетски или јавни пари, почнува со ЕВН, но тука се и ЕЛЕКТРАНИ на Македонија, многу болници, Градот Скопје, училишта, градинки, Фондот за здравство, општини, патарини..

1.ЕВН Македонија, за обезбедување на имот и лица и патролно обезбедување во јули 2017 со СГС склучила договор вреден 3.861,382 евра (237.745,000 мкд)

2. Јавно претпријатие за државни патишта за обезбедување на наплатните станици за време од 2 години во јули 2016 потпишале договор на 422.144 евра (25.959.981 мкд)

3. Град Скопје за обезбедување на средните училишта во надлежност на градот во јуни 2015 склучил договор со СГС на 227.638 евра (13.999.708 мкд)

4.Градот Скопје таков договор склучил со СГС и во јуни 2016 година на 227.637 евра, а сумата на новиот договор склучен во јули 2017 е идентична, 227.637 евра или 13.999.677 мкд

5. Агенцијата за електронски комуникации во април 2016 година склучила договор за обезбедување имот и лица со СГС на 223.554 евра или 13.748,600 мкд

6. АД Електрани на Македонија за физичко обезбедување во март 2017 година склучила договор со СГС на 193.405 евра или 11.894,400 мкд

7. Јавното претпријатие за државни патишта за обезбедување на патарините на СГС во 2015 година му платило 191.832 евра или 11.797.640 мкд

8. Археолошкиот музеј на Македонија во 2016 година склучил договор за обезбедување со СГС тежок 139.182 евра или 8.559,720 мкд

9. Електрани на Македонија во март 2017 година, склучила уште два договори за обезбедување имот и лица со СГС, на сума од 138.300 евра (8.505.440 мкд) и 110.517 евра или 6.796,800 мкд

Листата на објекти кои биле обезбедувани од СГС продолжува со Универзитетскиот кампус на УКИМ за 76.748 евра, Клиниката за гинекологија исто така платила 76.748 евра (за 2015 година) и 76.000 евра за 2016 година.Фондот на Холокаустот му платил 49.272 евра на СГС во 2015, а 20.000 евра во 2017 година. Листата продолжжува понатаму со речиси сите средни училишта во скопје, со Фондот за здравство, ТЕЦ Неготино, Клиниката за хирушки болести Св.Наум Охридски, општата болница во Велес, КК МЗТ Скопје, Спомен куќата на Мајка Тереза, Комуналец Неготино, салата Борис Трајковски, комуналното претпријатие во Пробиштип, основните и средните училишта во Неготино, Општина Крива Паланка, болницата во Охрид, општината и училиштата во Радовиш, Музејот на ВМРО, Општина Кавадарци, детски градинки во Скопје, Кардиолошкиот центар во Охрид.

Сумите за обезбедување се движат од 5 до 150 илјади евра по правен субјект. Сите пресметки покажуваат дека компанијата за осигурување која се врзуваше до врвот на ВМРО ДПМНЕ и се појави на пазарот во 2011, преземајќи и го местото на „Лупус“ остварила над 20 милиони евра промет.

Повеќе на Сведок на следниот линк ОВДЕ.