Радио Кавадарци нема да емитува песни од Тамара Тодевска, велат дека ненамерно им се избришале од архивата

0
1498

Главната уредничка на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук порача дека песните на Тамара Тодевска ќе бидат избришани, по вчерашниот скандалот со македонската химна, кога пеејќи ја, во американската амбасада ги изостави стиховите каде се спомнуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански…

-Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата од Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови доколку сеуште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци, напиша Митрова на социјалната мрежа фејсбук.