ПЦЕР: Парите од обврзницата да се користат по изборите

0
1150

Соопштение на ПЦЕР:

Партијата за целосна еманципација на Ромите предлага парите од Обврнзицата да се користат после избори поради злоупотреба и ненаменско користење, да не би дошло до сомнеж и од опозицијата, а и од народот дека овие пари ќе се употребат за поткупување на избори. Партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ за да докаже пред народот дека овие пари ќе ги користи наменски, треба да го прифати нашиот предлог. Ако ова наша препорака не ја прифати власта, има две клучни работи, или Буџетот е пред колапс, а со тоа значи дека немаат пари за пензии и плати на администарцијата,или овие пари ако ги користат пред избори ќе биде класичен поткуп на граѓаните на Македонија.

ПЦЕР предлага – Здружената Опозиција на чело со СДСМ како најголема опозициска партија да поднесе до Основниот Суд Скопје, БАРАЊЕ ЗА ВРЕМЕНА МЕРКА, ОДНОСНО ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПАРИТЕ ОД ОБВРЗНИЦАТА, ПРЕД ИЗБОРИ. Со ова времена мерка ќе се постигне да има фер и демократски избори, и ќе нема сомнеж за поткуп на изборите. Во една правна држава овој предлог судот би го прифатил, но кај нас институциите се МЕТАСТАЗИРАНИ, но вреди да се поднесе поради тоа што народот треба да знае што превзела Опозицијата да спречи овие пари да се користат пред избори.