ПЦЕР: Кое е Бингото што го доби КУРЦ од ВМРО-ДПМНЕ за неговото присуство на митингот

0
847

Соопштение на ПЦЕР:

Партијата за целосна еманципација на Ромите-ПЦЕР реагира на присуството на министерот за надворешни работи на Австрија КУРЦ. Со неговото присуство индиректно дава подршка на партијата на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски кој има обвинителен акт за прислушување на граѓаните на Македонија и бмбасадорите во Македонија.

Сметаме дека и КУРЦ е дел од политичарите кои добија по некое БИНГО од ВМРО ДПМНЕ, но износите не ги знаеме. Ако сте сестринска партија зошто баш вие требаше да се појавите, кога знаете што направила вашата сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ,или БИНГОТО е побитно од се, но времето ќе каже после изборите на 11 декември.