ПЦЕР: Изборите ќе се одложат за 4 или за 11 септември

0
1073

Партијата за целосна еманципација на ромите ПЦЕР нагласува дека од свои извори дознава дека изборите ќе мора да се одложат, а Трајко Вељаноски ќе мора да закаже седница и да ги повика пратениците затоа што се уште му трае мандатот. На таа седница, нагласуваат од ПЦЕР, ќе се донесе одлука за одложување на изборите и продолжување со работа до датумот на изборите, односно завршување на одговореното од Пржинскиот договор.

„За распуштањето на Парламентот ќе се донесе одлука откако ќе се утврди датумот на избори односно 4 или 11 септември, значи на 60 дена пред избори“, велат од ПЦЕР.