ПЦЕР: Буџетот е на „интензивна нега“, кривична одговорност за Ставрески

0
1632

„Партијата за целосна еманципација(ПЦЕР) пред неколу месеци напиша дека народот треба да пази на своите заштеди по банките, затоа што банките се најголемите финансиери на државата, а во банките се штедните влогови на граѓаните, државата е презадолжена а Министерот Ставрески поинаку не знае даработи освен да ја задолжува држават со народни пари на граѓаните.

Му поставуваме прашање на министерот Ставрески што ако не можете да ги вратите парите на банките, а граѓаните си ги бараат своите заштеди од банките, а банката не може да им ги исплати, тоа значи дека банката е неликвидна и лесно може да дојде до СТЕЧАЈ на банката, и да настане хаос меѓу граѓаните, за своите заштеди. Состојбата е АЛАРМАНТА, Буџетот е на „интензивна нега“, се гледа дека без задолжување секој месец Буџетот не може да функционира, треба КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРА СТАВРЕСКИ, ја задолжува државата како да е негова приватна фирма, затоа што не остава ХИПОТЕКА за земање кредити.

Ние како партија сме загрижени за ШТЕДАЧИТЕ да не останат без своите заштеди, односно пари, затоа им порачуваме да се погрижат малку за своите пари, како и на кој начин банките ги пласираат кредитите кон државата,НАРОДЕ ДА НЕ ВЕ НАЈДЕ ГРЧКА,РЕАГИРАЈТЕ НА ВРЕМЕ“, се вели во соопштението на ПЦЕР.