„Пуч“ веќе цела недела на бирото кај Катица Јанева

0
973

sudenje-Puch

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, го добила материјалот за предметот „Пуч“ од јавниот обвинител што го водеше случајот и отсега тој е во нејзина надлежност, изјави за „Мета“ адвокатот на одбраната, Ангеле Илиевски.

Според Илиевски, тој и неговите колеги, како адвокати на одбраната, сè уште не добиле официјално известување од специјлната обвинителка, но Јанева пред околу една недела дена го примила предметот за „Пуч“.

– Сега специјалната обвинителка, по нејзиното назначување, е надлежна за сè понатаму што се однесува на обвинителската работа за случајот „Пуч“. Таа веќе, пред околу една недела, го примила предметот „Пуч“ – вели адвокатот Илиевски за „Мета“.

Како што вели тој, Јанева, меѓу другото, отсега ќе треба да се изјаснува и околу притворот на Зоран Верушевски и на Ѓорѓи Лазаревски, односно да поднесе барање до судот за прекинување, замена со поблага мерка за обезбедување или, пак, повторно продолжување. Истото се однесува и на мерките што им се одредени на другите обвинети.