ПУТИНИСТИЧКИТЕ ЛУДАЦИ НА ЈАНКО БАЧЕВ ОД ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ПОВИКУВААТ НА КРВ ДО КОЛЕНА ПРОТИВ АЛБАНЦИТЕ, КРВ КРВ КРВ!!!

0
1139

Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачи орган на партијата помеѓу два конгреса, на итна и вонредна седница ја разгледа новонастаната состојба со Законот за употреба на јазиците и притоа донесе заклучоци:

1. Вчерашното насилно и противуставно воведување на јазична федерализација во државата, како преодна етапа до територијална федерализција, претставува отворен повик од Талат Џафери за војна.

2. Прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија припадниците на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

3. Вчерашното заигрување со огин од страна на Талат Џафери само ни ја олеснува работата во повторната пресметка со радиканите Албанци, бидејќи, Македонците се при крај со своето трпение од активностите на екс-припадниците на ОНА на антимакедонска основа, дотолку повеќе, овојпат нема да си имаат работа со политичките сценарија и предавничите македонски политичари од 2001, туку, овојпат ќе си имаат работа со македонскиот народ.

4. Талат Џафери, кој, според документ на УБК е вмешан во масакрот на македонските бранители кај Вејце, вчера, на најдиректен начин го нападна уставниот поредок на Република Македонија, и оттука, своевидната објава на нова војна од Талат Џафери се става највисоко на агендата на Единствена Македонија и македонскиот народ.

5. Новата легална власт на Единствена Македонија ќе ги поништи сите антимакедонски и антидржавни акти со кои се рушат Македонија и Македонците.

Центар за комуникации со јавноста на Единствена Македонија
Скопје, 15 март 2018