ПУКНА ТИКВАТА НА РЕЖИМОТ : ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ПОМЕЃУ, КАМЧЕВ, МИЈАЛКОВ И ГРУЕВСКИ!

0
2028

Извори блиски до Центарњуз дознаваат дека вчеравечер во куќата на Сашо Мијалков на Водно се случила голема расправија. Вербалната пресметка била помеѓу бизнис-тајкунот Орце Камчев, екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков и Никола Груевски.

mijalkov-grujo

Се шпекулира дека причината за оваа расправија биле одредени бизнис зделки кои не биле завршени поради турбулентноста на македонската политика од објавувањето на бомбите од страна на опозицијата. Голема реакција имало и околу губењето на контролата врз Медиа Принт Македонија и новинарите кои работат внатре.

Веќе одреден период се зборува за тоа како платите на вработените во МПМ се видно намалени и се спремаат отказни решенија во трите дневни весници за сите оние кои нема да бидат послушници на режимот. Дел од расправијата биле и поплаките на Камчев за тоа како државата му должи голема сума на пари и дека истиот не бил во можност да ги сервисира обврските како последица на долгот кој државата го има кон него.

Договорени се и сценаријата со кои би требало да завршат неколку судски и управни постапки, особено оние околу неизградените парцели на Водно во сопственост на фамилијата кои станаа контроверзни по објавувањето на аудио-разговори со кои се докажува на каков начин се стекнати и на што се се спремни ВМРО-ДПМНЕ само за да добијат дозволи од надлежните служби. Договорени се и кои бизниси ќе ги превземе Камчев за сепак да останат под контрола на фамилијата и блиските на неа. Инциденти од ваков вид се случуваат секојдневно во редовите на ДПМНЕ. Едно е сигурно, раководството и блиските до нив повеќе не се плашат да го искажат своето незадоволство од работењето на режимот.