Психопатологија на молкот

0
1193

Капацитетиот на човекот да зборува, да каже, раскажува и прикажува е  негова можност да се ослободи. А, јазикот, па и зборувањето, е фукционална метафора во тој правец, и секако  e одраз на симболичка адаптација кон стварноста. Но, за јазикот да се изкаже, за тој да проговори , не  секогаш му треба лингвистички формализам.   Т.е., и  кога СЕ МОЛЧИ, јазикот говори  и  може да биде многу повеќе само од напластени зборови. Слично, кога многу се зборува– таквиот говор може да биде изпразнет од значењата. Или, како што кажал и Хајдегер: способноста да се биде молчалив е еден од основните услови за автенчен човечки говор. Со др.зборови : mолчењето  секогаш има своја конотација и со негосекогаш се испраќа некава порака, т.е. со молкот секогаш се прикажува извесенавтентичен дискур –дискурс кој сака да ни каже нешто , па затоаМОЛЧЕЊЕТО СЕ СМЕТА ЗА ЕДНО ОД  ЦЕНТРАЛНИТЕ ИСКУСТВА НА ЈАЗИКОТ. Ако молчиш, впрочем, не значи дека не си слушнат и дека не си испратил порака, бидејќи  јазикот и преку молкот ни зборува.

ЈАЗИКОТ И ПРЕКУ МОЛКОТ НИ ЗБОРУВА

Молкот, значи, е само еден од начините на говор, а има вредност отаде простото зборување. Уштеповеќе, да се молчи не значи и да се биде глупав.  Напротив  и глупавите зборуваат –и тоа,  зборуваат глупави нешта ! ,  или пак зборуваат за тривијални работи. Така, и празниот јазик, како и зборовите без важност,  или пак оние лажни зборви  фактички сеФОРМА НА МОЛК, дека тие  го корумпираат  јазикот; Ваквите  би се рекло “трикови со тишината” имаат тендеција  да ја прикријат ВИСТИНАТА, преку тоа што вршат саботажи во јазикот, т.е. врзсвеста.  Во нашиот случај молкот го кажува дискурсот на ТОТАЛНОТО И  МЕСТОТО НА  МОЌТА ВО НЕГО;

Да бидеш повелечен, ( да молчиш за знчајните нешта),  ида не бидеш изложен (сем во ситуации кога се соединуваш со тоталното од политичкото),  е значајно поврзување и етаблирање на определн дискурс- ДИСКУСОТ НА ЕСТАБЛИШМЕНТОТ. Ваквото, самоилозирање, повеклување,  го артикулира  сфаќањето за“ молчаливиот субјект “, но , него гоја ситуира во еден примордијален манир кој не прави ништо друго сем што дава поттик за раст на моќта,т.е. неа ја стимулира да се репродуцира! Оттука, често и  молчењето  се смета за дикурс на КЛАБОРАЦИОНИЗАМ.

“НЕУTРАЛНОСТА” и МОРТИФИКАЦИЈАТА НА ВИСТИНАТА

Молчењето, и според психоанализата, укажува дека постои извесен ЈАЗ кој индицира постоење на репресија и на инхибиција. Како таков, овој јаз –  го обелоденува присутвсо на порекнувањето/ на негирањето / на бегството од соочување со стварноста; Се претвора во одбранбен механизам против политичката репресија, на пример. Се настојува,  наводно , преку – молчењето да се остане “ЧИСТ И НЕДОПРЕН ОД ПОЛИТИКАТА ”, да се биде наводно “А-ПОЛИТИЧЕН”, да се биде , во најлош случај НЕУТРАЛЕН за полтиката. И сето тоа , за се побегне од објектот на моќта,а притоа инагуративно да се признае нејзиното постоење !

Значи , молечењето од една страна е модус со кој фантазматски  се одрекува објкетот на моќта/на терорт/ на ужасот, а од  друга страна, се признаванеговото сеприсуство. Дополнително, кон ова следи и  чезнеењето  да се  присоедини  со него.

Со молчењето се дислоација капцитетот да се зборува гласно, т.е. се овозможува само-обмана и само-залажувањето: дека не се признава дискурсот на репресивната политиката. Сепак, обратното  е  реланото : политичката моќ на овој начин се репородуцира одново и одново,  додека нводно ужаснатиот субјект – уплашениот полтички неурален интелект,  иако имагинативно бегаат од неа, фактички : инцестуозно се соединуват –  станува едно цело – проектирајќи ја како свој его идеал, или уште повеќе како  објект на алтер егото. Всушност, преку убивањето на говорот и преку  мортификација на вистината ,се врши  самото соединување со Абсолутниот Мастер (големиот Друг), во нашиот случај апартусот на репресивната политика.

Ужаснат од моќта на големиот друг ( исто како синот од таткото , т.е. неутралецот од Власта), аво наводното настојување да ги пресече своите врски со него, божемниот страдалник (а-политичниот) преку молчењето  се обидува да  ги  укиние  своите лингвистички капацитети , мислејќи дека ги укинува означувачките врски со Абсолутниот Господар – Големиот Друг, замислувајќи дека ако ги закопа , тие како да ќе претснат да постјат. Ова се одвива во обскурна кодификација на вокализацијата, слично како калабриската мафијантска кодифицирана норма  за задолжителна OMERTA:  неприкосновен код на молчење.

Па така, линвистисточкото  се разболува, и СЕ МОЛЧИ, а  оној преостанат некоков си бесмилен говорот е девитализиран, празен,  што не ни кажува “ништо”. Ова е јасен вектор на трансфер  спрема индефикација со изворт на моќта и на ужасот !Вид на молк е затоа и млитавиот говор – кој сугерира на афекктивната ТАПОСТ. А, токму, такви се говорите на неутралните интелекти.

Молкот, значи, тука,  не го разгледуваме само како перманентна тишина , туку  и како ПРАЗЕН ГОВОР – говор што например релативизира ; или како ПОЛУ ГОВОР, па и како лажен говор (говорите за фалсификација на историјата, например). Слично, во една друга форма, говорот што молчи , може да се јави и преку пренагласено и репетутативно зборување, како логореа,  со мега-квнтум зборови – но, збориви без вистина (како конференција за мигрантите, во МАНУ, на пример).

Сепак, крајна конеквенца, од ова е фактот дека со молкот всушност се овозможува целосна артикулација фетишизираната моќ (како например, што за свој  материјалн доказ го има самиот проектот : СК2014). При што, најчесто ова е придружено со перфектен нормативен говор – на кој му отуствива било каква реална вредност.

СТРАВОТ И РЕПРЕСИЈАТА – ОСКАТА НА МОЛКОТ и ЗЛОТО

Оттука, да се заобилокува, да се изоставува и да се пропушти обзанувањето на  важните работи, и да се бега од  кажувањето на вистината, т.е. ДА СЕ МОЛЧИ , значи дека во свеста постои голем расчекор, а токму тој ја индицира РЕПРЕСИЈАТА! Наспроти неа се активира одекувањето/неприфаќањето –  како едиснтвен внатрешен одгранбен механизам против полтичкото. Па така, во настојувањето да се исцрта сигурната и конфорна зона која езамислена да биде  надвор од политиката, надвор од судирот , и од антагонизацијата, се одбива соочувањето со реланоста.  Тоа е наводно  осигураниотимагинтивен простор на неполтичкото, вон реланоста.

Основата на вака поставена имагинација е СТРАВОТ. А стравот е главната емоција со  која се признава моќта на Објектот/Големиот Друг/. Значи со самото постоње на стравот се  признава и самото постоење на репресијата. Ова и не е толку индикативно, колку што е опаснма самата патологизација на односот  помеѓу стравот и моќта, која се огледа во шизоидната позиција  дека објектот на стравот и теророт истовремено станува и  објект на чезнеењето. Идентификацијата со изворот на моќта осигурува психолошки конфор, а змислете пак што се овозможува соединувањето со изворот на моќта?!Патологизацијата на овој однос преку симболичкото обединување со изворт на моќта истовремено го заокружува и признавањето пред себе дека како човечко суштество не е достојно за било какво внимание, т.е. се само-поништува! Метод за ова е токму молкот, дека е  многу јасен имагинативен трансфер спрема алтер егото, или спрема его-идеалот, т.е. спрема изворот на теророт,таткото или патер фамилијас –или нашиот репресор.

Затоа и Молчењето на  НЕУТРАЛНИТЕ И НА АПОЛИТИЧНИТЕ Етолку  тензично и толку снажно, а е и презриво, тоа е би се рекло ТОА Е “ ГРОМОГЛАСЕН МОЛК”. Сепак, во сите позииции се смета за иверзибилен симтом на невроза. Како парализирачко за свеста, поради внтершниот судир, ја произведува таа ИНТЕНЗИВНА ТИШИНА, КОЈА НАМ ТОЛКУ МНОГУ НИ ЗБОРУВА. Во основа, мочењето е мортифицирачко, дека ја избегнува конфрнтација со субјектот на репресија, т.е. мисли дека го убива наместо да му се спротисрави , а всушност се индентификува со него – оттука и молчи во таква една колаборационистичка тишина.

Mолкот (на МАНУ и на другите) го сметаме за вид наподршка како јасен дискурс на колаборација,  остврен со  беневолентна тишина. Бидејќи перфектно го артикуираше логосот на моќта , на нејзина структура,  овозмужувајки и континуирана репреодукција. Тишина за тоа каков е поредеокт , не е  проста тишина , туку е тишина на “Празниот Говор- говорт изпразнет од значење” или говорот кој “лаже и не ја кажува вистината”,  исто така е говор кој фалисгикува , (како што  се фалсификуваше историјата во една национална “енциклопедија”).

ЗЛОСТОРСТВО НА МОЛК

Со оваа симболичка артикулација на поредокот, не се прави ништо друго сем што репродуцира и зацврствува истата репресивна апаратура.  И покрај тоа што молчењето се третира како  симболичка авто – кастрација , чин со кој  целосно се признава моќта на авторитетот, не се затанува тука, напротив, направен е и обид  за идентификација со него во прогресс , уштеповеќе за инцестно соединување! Или како што би кажал Лакан, – определни моменти на молчење во транферот   ја репрензетираат најострата форма на прифаќањето  на пристуството на Другиот  како таков! Оттука, да признаеш постоење на репресија, а да молчиш за неа – е чин на ЗЛОСТОРСТВО.

Да заклучиме,

Со тишината на неутралните, се сака да  избегне :да не биде фатена во нивнатаимагинативната рефлективна врска која ја имат со репресорот ,  односно,  со тишината и релативизацијата на настаните се подржуваати сереализират безпоговорно идеите и желбите на его идеалот- и алтер егото, на репрсорот;

Иако, постојата повеќе видови на тишина или на молчење:енигматско, трауматско, тишина од револт ( стамена тишина), тишина од ресентимент, молк предизвикан од страв,  во нашиот сличај ,  не станува збор за  никави мистериозни блокади, туки ова се снажни интрапсихички  тајни , а се поврзани со политичките идологии , кои исто така се поврзани со либидалните структури.

Во нашиот случај, несподобноста за конфронирањето со наводните авторитери се затскрива со МОЛК.

Молкот, затоа, кај нашите “научни”институции, и уважени “интелекти”е примордијален и архетипски, нешто  како “фамилијана тајна!”, како молк за злосторствортво кое се оправдува!

Молкот, на крајот е мета јазик, мета-симболизам, а во функција да го репродуцира симболнилкиот поредок, но, во нашиот случај тој и таков мокл го репродуцира и го овозможува поредокот на репресијата!

Ана Чупеска