Професорски пленум: Продолжува обидот за фалсификување на студентската волја

0
972
Откако Студентскиот пленум алармираше за истечениот мандат на Претседателот на СПУКМ Кирил Спировски и нелегалниот статус на претставниците на студентите кои ќе гласаат за избор на ректор на УКИМ, истите тие нелегални претставници продолжуваат со обидите за фалсификување на студентската волја, реагираат од Професорскиот пленум.
Оттаму, најостро го осудуваат обидот на нелегалното раководство на СПУКМ да организира избор за претседател во експресен рок и по завршувањето на академската година, т.е. во време кога најголем број студенти се отсутни и не се во можност ниту да се кандидираат, ниту да гласаат.