ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА СО БРУТАЛЕН СТАТУС ЗА СИЉАНОВСКА: Oнаа кутрата ќе направела вечен устав за вечната држава за вечниот народ, или одлепила или е глупа или лаже или мисли дека сите што ја слушаат и се спремни да гласаат за неа се глупи како точаци!

0
1210

Еден голем антички филозоф уште во зорите на човечката цивилизација утврди дека се тече и се се менува и дека не можеме два пати да влеземе во иста река.
Еден понов научник ни објасни дека во вселената нема ништо статично и дека ние го гледаме минатото на вселената на нашето небо.
А гревовите ми зборуваат за вечна Македонија.
И ќе умирале за неа бре.
А онаа кутрата ќе направела вечен устав за вечната држава за вечниот народ.

Mirjana Najchevska
20 hrs ·

Што може да значи клаузула за непроменливост на Уставот?
Може да значи дека Гордана мисли дека е Бог и дека еве сега го пишува новото Свето Писмо.
Може да значи дека Гордана го изјавила ова затоа што нема појма што е Устав, што е демократија и што е владеење на правото и нема појма дека тие не познаваат такво нешто како непроменливост бидејки можноста за менување е суштински елемент на развојот.
Може да значи дека добро знае што е Устав и демократија и владеење на правото и дека многу добро знае дека е надвор од паметот донесувањето ваква клаузула, меѓутоа мисли дека оние на кои им се обраќа се толку глупи што може да им продаде се.
Може да значи дека е спремна да каже се само да се довлечка до позиција на власт.

Значи, или одлепила или е глупа или лаже или мисли дека сите што ја слушаат и се спремни да гласаат за неа се глупи како точаци.