Прости ми Господе, дефинитивно се луди!!!

0
976

jank cav

Не можам да премолчам. Прости ми Господе, дефинитивно се луди!!!

„Прва панихида во чест на бранителите на Македонија (после 14 години) и ќе настојувале да стане традиционална!!! Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка, денеска (26.09.2015 година) се одржа панихида за сите загинати бранители на Република Македонија од воениот конфликт во 2001 година до денес“.

Лицемерно до болка и понижувачки до дно!!!
Спроти Крстовден, празникот на постот и покајанието.

Разбирам дека нечистата совест во нивните души длабоко копа!!! Нагризува и гризе ли гризе и не пушта затоа што валканите умови не се смируваат и покрај стотици илјадници евра што ги фрлија за наградените…а колегите загинаа… сирачиња оставија…

Покајание…наредба …пи-ар стратегија… уште едно мачкање на овој напатен народ………… И во Манастир да се преселите вашите гревови веќе ниту Господ ги простува! Нема спасение!!!

Арам да ви е!!! Ај доста е, тргнете се од очите на јавноста!!!

П.С. Ти благодарам Ставревски за признанието „Ние сме лудаци“. Јас веднаш би те зела за заштитен сведок…

Фејсбук  статус на Јасминка Ангелова