ПРОПАДНА АКЦИЈАТА НА РЕЖИМОТ И ЧАВКОВ ВО КУМАНОВО : Полицијата во домот на Величковиќ не нашла доказ за кривично дело

0
3065

Припадниците на полицијата не го привеле кумановскиот началник Стојанче Величковиќ, откако, како што пренесува Фокус, при претресот во неговиот дом не пронашле никакви докази за кривично дело.

Претходно, група од околу триста граѓани се собраа пред домот на Величковиќ, со цел да побараат одговори од полицијата зошто во толкав број упаднаа во домот на кумановскиот началник, и тоа токму во време на постизборна политичка неизвесност?

Засега нема официјални иформации за што бил проверуван Величковиќ, но меѓу граѓаните пред неговиот дом проструи информација дека на товар му се ставале изборни нерегуларности.

Инаку, тој неодамна беше назначен за кумановски началник од страна на министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ во преодната влада Оливер Спасовски.