ПРОПАГАНДАТА фатена со спуштени гаќи – ФОКУС со непријатно прашање: Како Сител ги објави видеата во 19.30 часот кога во најмала рака второто на Youtube е постирано дури околу 20 часот?

0
1226

tajming

Дали видеата што ги објави Сител се навистина прво поставени на каналот на Youtube и колку нивното оправдување дека од интернет ги презеле видеата се издржани?- прашува Фокус. Во 23.50 кога од Фокус го посетиле каналот на извесен Хохо Лол на Youtube, кој се појавува како постирач на двете видеа од разговорот на Груевски и Заев, стоеше дека едното е ставено пред четири часа, што не е толку спорно затоа што може да поминале 4 часа и 59 минути.

slika-sitel-620x373

Но, второто е поставено пред три часа. Значи и да поминале 3 часа и 59 минути, тоа значи дека е објавено некаде пред 20 часот и никако порано. Тогаш, како Сител ги објави видеата во 19.30? Во најмала рака второто, кое на Youtube  е постирано околу 20, телевизијата не можела да го преземе од интернет каналот со оглед дека во вестите е емитувано точно во 19.28 минути.

Секако проблематично е и тоа кое лице ги поставило материјалите на интернет? Сигурно дека МВР со нивната софистицирана опрема и начинот на кој организираат истраги и приведувања, лесно можат да проверат кој од каде ги поставувал.

Пред малку ВМРО ДПМНЕ ги повика надлежните да истражат како видеата завршиле низ медиумите. Може за почеток да прашаат во Сител?

Извор: Фокус